Отворен круг

Open Circle

Презентација на книга / Book presentation

Лилјана Мазова, долгогодишен учесник/сведок во/на настаните во театарот – во Македонија и во светот –  низ содржината на Отворен круг ни ја отвора својата меморија за театарот, најмногу за оние што се најблиску до публиката – актерите. Својот став за нив го раскажува како прозен запис и не ја крие приврзаноста и поврзаноста. Ја отвора меморијата низ настани што излегуваат од нејзиниот „момински ковчег“ во кој се ставови, случувања или уште којзнае што од она што е: автентичен автор во македонската театарска меморија.

Отворен круг е мое соочување со себе, со нив, со времето и со меморијата.  Отсекогаш сум се чувствувала сигурна во тој наш театарски отворен круг. Никогаш како некој „од надвор“. Во театарот имам прекрасни пријатели со кои можам да бидам бескрајно долго. Дома и на разни патувања по светот. Млади или помалку млади соговорници за нивната и моја љубов – театарот, за нивната и моја работа – театарот. Во едно интервју ме прашаа дали сонувам театар? Одговорив дека е премногу од мене да се очекува и да сонувам театар. Знам дека тешко заспивам по лоша претстава.
Поделеноста на четири дела: ПИСМА ДО (Мите Грозданов, Огнен Дранговски, Васил Зафирчев, Снежана Конеска – Руси, Дарја Ризова, Драган Спасов – Дац, Никола Ристановски), ТИЕ СЕ (Љубиша Георгиевски, Мушереф Прекиќ – Лозана, Љубица Остојиќ, Јоана Поповска, Емил Рубен, Слободан Унковски, Љупка Џундева), ЗА НИВ (Митко С. Апостоловски, Салаетин Билал, Ацо Јовановски, Младен Крстевски, Димче Мешковски, Петар Мирчевски, Благоја Спиркоски)
и ОТПОСЛЕ (Бранко Ѓорчев (1962-2013), Мери Бошкова (1924-2014), Тодорка Кондова-Зафировска (1926-2001), Тодорче Николовски (1902-1999), Ненад Стојановски (1952-1998), Кирил Ристоски (1948-2011), Коле Чашуле (1921-2011)) или на 7 + 7 + 7 + 7 е мој авторски предизвик. Го сакам бројот 7. Носи среќа, искреност. За бројот 7 се врзани многу нешта во светот – од неговото постоење.
Лилјана Мазова

Liljana Mazova, a longtime participant/witness in/to the events in theatre – in Macedonia and throughout the world- , through the content of Open Circle, opens up her memory about theatre, mostly about those who are closest to the audience – the actors. She is narrating her opinion about them as prose and she does not hide her attachment and connection. She opens up her memory through events coming out of her “maiden’s casket” filled with opinions, occurrences, or who knows what else from what is: an authentic author in Macedonian theatre memory.

Open Circle is my confrontation with myself, with them, with time and memory. I have always felt secure in that theatrical open circle of ours; never as somebody “from the outside”. In theatre, I have wonderful friends that I can be infinitely long with; at home or on various trips around the world. Young or not so young interlocutors about their and my love – theatre, about their and my job – theatre. I was asked once in an interview whether I dreamt theatre. I answered that it would be too much if I also dreamt theatre. I know that it is hard for me to fall asleep after a bad performance.
The division into four parts: LETTERS TO (Mite Grozdanov, Ognen Drangovski, Vasil Zafirchev, Snezhana Koneska-Rusi, Darja Rizova, Dragan Spasov-Dac Nikola Ristanovski), THEY ARE (Ljubisha Georgievski, Musheref Prekikj-Lozana, Ljubica Ostojikj, Joana Popovska, Emil Ruben, Slobodan Unkovski, Ljupka Dzundeva), ABOUT THEM (Mitko S. Apostolovski, Salaetin Bilal, Aco Jovanovski, Mladen Krstevski, Dimche Meshkovski, Petar Mirchevski, Blagoja Spirkoski), and  
AFTERWARDS (Branko Gjorchev (1962-2013), Meri Boshkova (1924-2014), Todorka Kondova-Zafirovska (1926-2001), Todorche Nikolovski (1902-1999), Nenad Stojanovski (1952-1998), Kiril Ristoski (1948 2011), Kole Chashule (1921-2011)) or the division into 7 + 7 + 7 + 7 is my challenge as an author. I love number seven. It brings luck, honesty. Many things in the world are connected to number seven – since the world’s existence.
Liljana Mazova

25.09.2014 четврток/thursday 21:30 МКЦ/YCC